Овие тројца фудбалери наскоро ќе го напуштат Милан

Точка

21/03/2019

15:44

1.369

Големина на фонт

а а а

Како што пренесуваат италијанските медиуми, по крајот на оваа сезона, речиси сигурно е дека овие тројца фудбалери ќе го напуштат Милан.

Станува збор за Рикардо Монтоливо, Андреа Бертолачи и Хозе Маури кои ќе го напуштат клубот како слободни играчи.

Од управата на Милан одлучија на ниту еден од овие фудбалери да не му понудат продолжување на соработката. Нивното време во клубот е веќе завршено, па тие можат слободно да бараат нови клубови каде ќе ја продолжат својата кариера.

Оваа сезона Гатузо покажа дека воопшто не смета на нивните услуги – Рикардо Монтоливо не настапи ниту еднаш, а Бертолачи и Маури вкупно заедно настапија на само 10 натпревари.



Спонзорирани линкови

Маркетинг