Ако некој производ ви се допадне на Инстаграм, отсега ќе можете веднаш да го купите...

Точка

21/03/2019

15:49

1.760

Големина на фонт

а а а

На популарната социјална мрежа отсега е можно да се продаваат и купуваат производи, без притоа да ја напуштите таа платформа. Трговците на Инстаграм ќе им исплаќаат дел од приходите од продажбата како надомест.

Пред една година на Инстаграм беа овозможени „трговските“ објави. Ако следите некој моден бренд, можно беше да ви била прикажана објава со некој нов производ, со ознака (таг) во која е наведен називот и цената на артиклот.

Исто така, воведен е и табот Explore како посебен простор за купување каде што се прикажани огласите на брендовите кои ги следите на Инстаграм и оние кои што алгоритамот на апликацијата ќе процени дека би можеле да ве интересираат врз основа на вашите пребарувања на интернет.

Доколку пребарате нешто, веднаш ќе добиете повеќе детали околу производот, цена и линк кој ќе ве одведе до онлајн продавницата каде можете да го купите производот.


Според податоците на Инстаграм, повеќе од 130 милиони луѓе ширум светот месечно ги отвораат ознаките на брендовите. Сега, со новата опција е овозможена продажба директно на самата апликација, без да имате потреба да ја посетите интернет страницата на производителот.

На почетокот, своите производи ќе ги нудат околу 20 трговски партнери на Инстаграм, а потоа бројот на компаниите чии што производи ќе можат директно да се купат на оваа социјална мрежа ќе порасне.

Сите компании на Инстаграм ќе им исплаќаат дел од приходите од продажбата како надомест за користење на платформата, а како што пренесува “Wired”, засега не е познато колку тој надомест ќе изнесува.



Спонзорирани линкови

Маркетинг