Како "Apple" успеа да ја изнервира главната конкуренција за само 54 секунди?

Точка

21/03/2019

15:29

4.513

Големина на фонт

а а а

Со новата реклама, објавена минатата недела, технолошкиот гигант од Купертин успеал да допре една од најчувствителните теми кои веќе долго време се предмет на критика на сметка на неговата најлута конкуренција.

"Apple" снимил рекламно видео во кое на најдиректен начин се занимава со прашањето на безбедноста на податоците кај нивните уреди, со акцент на "IMessage" конверзацијата, потоа историјата на рутите кај аплицкацијата "Maps" и ограничувањето при користењето на пребарувачот "Safari". 

Тоа им успеало да го направат, а притоа на ниеден начин директно да не ги спомнат ни "Google" ни "Facebook" - иако е сосема очигледно на што се цели во спотот.

Прашањето за приватноста и безбедноста на личните податоци, кои рекламата на "Apple" ги потенцира, е нешто поради што споменатиот двоец неколку пати минатите години бил на удар на критики поради протекувањето на информации и злоупотребата на личните податоци на корисниците.



Спонзорирани линкови

Маркетинг