Дали знаете дека овие лесни трикови ќе ви го олеснат користењето на смартфоните?

Точка

21/03/2019

14:57

3.145

Големина на фонт

а а а

Мобилните телефони се речиси неопходни во човековото секојдневие, а нивната редовна употреба влијае на квалитетот и состојбата на уредот.

Краткото траење на батериите, спорото полнење, квалитетот на камерите и прекинување на работењето на уредот се некои од најчестите проблеми со кои се соочуваме, а со неколку едноставни трикови може да ги избегнете или во целост да ги отстраните, пренесува „Brightside“.


Исклучете ја ротацијата на екранот

Кога не го користите мобилниот уред во хоризонтална положба, најдобро е да ја исклучите опцијата за автоматска ротација на екранот, бидејќи таа ги активира сензорите кои беспотребно ја трошат батеријата.

Вклучете авионски режим за побрзо да ја наполните батеријата

Кога на мобилниот телефон ќе активирате авионски режим, тој престанува да бара мрежи, со што се намалува трошењето на батеријата и работата на апликациите и овозможува побрзо полнење.


Подобрете го звукот за време на снимањето, користејќи диктафон

Повеќето паметни телефони имаат опција за снимање со диктафон во позадина. Па така, за време на снимањето на видео на кое сакате да имате добро снимен звук, во исто време снимајте и гласовен запис и видеозапис и на крајот едноставно спојте ги звукот и видеото со помош на апликација за уредување.

Користете очила за сонце како филтер за камерата

Ако светлината ви создава проблем за време на фотографирањето, користете очила како филтер за камера и преку нив направете фотографија. Така ќе го ублажите изгорениот или претемниот ефект или ќе добиете целосно нов ефект.


Црната позадина го успорува трошењето на батеријата

Ако телефонот постојано ви е во рацете, а траењето на батеријата ви е една од најважните работи, ставете црна позадина на екранот, за батеријата помалку да се троши и побрзо да се полни.

Ресетирајте го мобилниот уред трипати во неделата

Мобилниот телефон не е добро во целост да се испразни, но не е во ред да го држите вклучен на полнач кога е полн докрај. Исто така, ако постојано работи, се препорачува ресетирање трипати неделно, за да може да се одмори, да работи побрзо и помалку да ја троши долготрајноста на батеријата.  



Спонзорирани линкови

Маркетинг