Напаѓачот од Утрехт ќе биде обвинет за тероризам

Макфакс

21/03/2019

14:54

962

Големина на фонт

а а а

Холандските обвинители денеска објавија дека напаѓачот од Утрехт го товарат за убиство со терористички намери откако во понеделникот уби тројца луѓе.

Обвинителите веруваат дека 37-годишниот Гокмен Танис, роден во Турција, дејствувал сам и дека напаѓачот уапсен за убиство на тројца луѓе во трамвај во Утрехт, имал терористички намери. Властите истражуваат дали имал други лични мотиви.

„Истражуваме дали осомничениот дејствувал самостојно со терористички намери или дека неговото дело било предизвикано од лични проблеми во комбинација со радикализирана идеологија”, рече обвинителот.

Танис утре ќе излезе пред суд и ќе помине психолошка проценка.

Како што е познато, во понеделникот, три лица беа убиени во трамвај во западниот дел на Утрехт, а петмина беа повредени. Напаѓачот беше уапсен по седумчасовна потрага. Во неговото возило беше пронајдено писмо, кое, меѓу другото, укажува на тероризам.



Спонзорирани линкови

Маркетинг