Караџовски: Не можам да ви кажам зошто бев во Обвинителството

Макфакс

21/03/2019

14:53

923

Големина на фонт

а а а

„Кој ве информирал? Службени обврски имав во оваа зграда. Не можам да ви кажам во врска со што е“. Ова го изјави претседателот на Судскиот буџетски совет, Зоран Караџовски, по тричасовниот распит во Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.

Караџовски рече дека тој ги потпишал одлуките за додатоците на плата на членовите на Судскиот совет.

На новинарско прашање дали на седницата кога била донесена одлуката за додатоците на плата од приближно 21 илјада денари, била поканета министерката за правда, Рената Дескоска, Караџовски кажа дека откако е тој претседател на Судскиот буџетски совет ниту еднаш не се појавил ниту еден министер за правда, иако таму имаат право на глас.

Караџовски беше повикан на распит во Обвинителството да даде исказ за предметот со спорната одлука за покачените плати на членовите на Судскиот совет од минатата година.



Спонзорирани линкови

Маркетинг