МТСП: Мерката „трето дете“ не дава резултати, трошоците растат, а наталитетот опаѓа

Макфакс

21/03/2019

14:51

1.145

Големина на фонт

а а а

Мерката за трето дете е неефикасна и лошо дизајнирана од самиот почеток, велат од Министерството за труд и социјална политика.

„И покрај зголемениот број корисници, мерката не дава никави демографски резултати. Наталитетот во времето на ВМРО-ДПМНЕ драстично опадна и по воведувањето на мерката ‘трето дете’. Според податоците, наталитетот во Македонија во 2010 година бил 11,8, а во 2017 година 10,5. Оваа мерка имаше можност 10 години да се имплементира, но таа очигледно не дава резултати“, велат од МТСП.

Од таму додаваат дека заедно со бројот на корисници на мерката, растат и трошоците на државата. И покрај фактот што наталитетот опаѓал, велат од Министерството, Владата потрошила безмалку 208 милиони евра за исплата на додатокот за трето и четврто дете.

„Сите овие податоци потврдуваат дека мерката за трето дете е неефикасна и лошо дизајнирана од самиот почеток. Така на пример, додаток за трето дете добивале семејства кои се во многу добра економска состојба и немало никакво ограничување во однос на ова па го добивале и семејства кои имаат многу високи приходи. Социјалната реформа која ја изработи актуелното раководство на МТСП воспоставува целосно нов, правичен и ефикасен систем на социјална заштита. Со него, се обезбедува еднакво општество за сите и се насочуваат парите кон оние граѓани на кои им се најпотребни“, велат од Министерството.



Спонзорирани линкови

Маркетинг