Модниот бренд за првпат го претстави модниот додаток за жените од муслиманска вероисповед

Точка

21/03/2019

14:47

2.144

Големина на фонт

а а а

Американската компанија за продажба на луксузна облека, Мајкл Корс, која секогаш воодушевува со своите тренди уметнички парчиња облека, ја претстави пролетната колекција која овој пат вклучува и облека за жените од исламска вероисповед.

Потенцијалот за дизајнирана облека за жени од исламска вероисповед е неискористен пазар кој во последно време станува фокус на големите дизајнерски имиња, модната куќа Долче и Габана која во 2016 година ја претстави својата прва линија на хиџаби и исламски фустани до Оскар де ла Рента кој ја претстави рамазанската колекција. 


Сега Мајкл Корс ја претстави пролетната колекција наменета за жени од муслиманска вероисповед. Во склоп на оваа колекција претставија црна марама со цветен принт во маслинеста и беж боја, елегантни кафтани во пастелни бои и бели патики со елементи кои се наоѓаат и на марамата.


Модната индустрија веќе со години работи на инклузија па така минатата година на насловната страница на магазинот Vogue за првпат во историјата ја красеше Халима Аден, сомалиско-американски модел со хиџаб.




Спонзорирани линкови

Маркетинг