Голема експлозија во хемиска фабрика: Шест мртви, 30 тешко повредени! Црн чад на небото

Точка

21/03/2019

14:38

1.967

Големина на фонт

а а а

Во експлозија во една хемиска фабрика во индустрискиот парк на истокот на Кина загинале шест лица, додека 30 биле тешко повредени.

Локалните власти во градот Јангчен во провинцијата Џангсу соопштиле дека причината за експлозијата, која се случила во фабриката "Tianjai Chemical Production", не е позната. 

Во соопштението е наведено дека на местото на инцидентот биле пратени 400 пожарникари со 86 пожарни возила, пренесува "AP".

На видео снимката објавена на сајтот на државната телевизија CTV се гледа голем чад како излегува од фабричката зграда, ширејќи се по целата област.

Од јачината на експлозијата пукнале и прозорите и гаражните врати во фабриката.



Спонзорирани линкови

Маркетинг