Првото вселенско оружје: Русите во голема тајност го развиваат новиот ракетен систем кој ќе може да погоди цели на висина од 100 километри

Точка

21/03/2019

17:05

2.499

Големина на фонт

а а а

Русите на новиот систем за против-воздушна одбрана „С-500“ работат интензивно и во строга тајност, но од руската војска велат дека тоа ќе биде првото „вселенско оружје“ кое ќе може да собори мети на висина од импресивни 100 километри.

Руските медиуми нагласуваат дека ниту еден ПВО систем на светот не може да погоди мета на толку голема висина, а „С-500“ ќе биде првиот ракетен систем кој ќе може да ја одбрани Русија и од вселенски напади.

„С-500 Прометеј“ ќе биде опремен со хиперсонични ракети кои ќе летаат со брзина од 9 маха, односно околу 10,800 километри на час.

Главната одлика на овие ракети е способноста самостојно да открие цели во вселената и да ги уништи. Претходно, за тоа беа задолжени поврзани радари, а сега дел од нивната работа, во случај на губење на контакт со Земјата, ќе го вршат самите ракети.


Одредени радари ќе имаат задача да пронаоѓаат авиони и хеликоптери, други ќе трагаат по крстосувачки ракети, трети ќе ги лоцираат балистичките ракети на големи висини, а четвртите ќе бидат специјализирани за барање на мети во вселената.

Според досегашните податоци на руските медиуми, системот „С-500 Прометеј“, покрај тоа што ќе може да погоди мета на висина од 100 километри, ќе има домет од 500 километри, иако постојат гласини дека овој домет би бил уште поголем.



Спонзорирани линкови

Маркетинг