Кочов: Ова не го очекував, следи тешка средба во Скопје!

Дерби

21/03/2019

10:58

1.172

Големина на фонт

а а а

Кошаркарите на МЗТ Скопје остварија драматична победа над Спарс Сараево од 71-70 во првиот меч од полуфиналната плејоф серија во АБА2 лигата, односно беше направен голем чекор кон пласман во финалето на регионалното натпреварување.

Меѓутоа за да се случи тоа „металците“ ќе мора да дојдат до уште една победа, првата можност за тоа ќе ја имаат веќе в недела на домашен терен во СЦ „Јане Сандански“. Тоа воопшто нема да биде лесни и тоа го знае и тренерот Ѓорѓи Кочов кој ги истакна првите импресии за тоа што се случуваше во Сараево.

- Знаевме дека нe чека тежок натпревар, Спарс е тим кој држи ритам и континуитет цела сезона. Ние бевме во грч во текот на целиот меч,тоа не го очекував. Спарс беше подобар во првото полувреме, ние бевме надвор од ритам. Ние имавме среќа, не очекува тешка и неизвесна средба во Скопје, - порача Кочов.



Спонзорирани линкови

Маркетинг