Реал покажа зошто е европски шампион, Панатинаикос во победнички ритам

Дерби

21/03/2019

10:57

976

Големина на фонт

а а а

Бранителот на титулата во Евролигата, тимот на Реал Мадрид дојде до 21. сезонска победа во ова натпреварување и тоа на начин на кој потврди зошто во моментов е на европскиот трон.

Клубот од Мадрид го пречека Армани Милано и во првиот дел беше надигран, а за тоа најдобро говори податокот и негативата од 18 разлика, меѓутоа успеа да се соземе и до крајот на полувремето на спушти на минус шест (50-56). Ова секако донесе дополнителна енерија и самодоверба во вторите 20 минути, па така момците на Ласо на крајот се изборија за славје од 92-89.

Љуљ со 14 и Рендолф со 13 кошеви беа најдобри стрелци, додека Џејмс на спротивната страна реализираше 35 поени.

Панатинаикос ја прокнижи и петтата победа во низа со што најави жестока битка во завршницата за местата кои водат во разигрувањето за титулата. Грчкиот состав беше подобар од Басконија со 72-70 во средба во која Томас и Килпатрик искомбинираа 30 поени. Кај гостите по 13 поени реализираа Уертас и Шилдс.

На двете останати мечеви од 27. рунда, Дарушафака го доби Химки со 91-95 и Жалгирис славеше во Изреал кај Макаби Тел Авив (85-83).



Спонзорирани линкови

Маркетинг