Во страшни поплави во Америка загинаа 4 лица: Сè е уништено, а властите стравуваат дека ќе биде полошо

Точка

21/03/2019

09:29

1.512

Големина на фонт

а а а

Реките Мизури и Мисисипи се закануваат со ново излевање после поплавите во кои веќе настрадаа четири лица и кои предизвикаа штета поголема од милијарда долари.

Поплавите предизвикани од минатонеделното невреме и топење на снегот ги погодија подрачјата на Мизури, Небраска и Ајова долж реката Мизури, во Северна Америка. 

Властите прогласија вонредна состојба

Властите прогласиле вонредна состојба на целото подрачје или во некои делови во трите држави. Метеоролозите предупредија на опасност од поплави и во деловите на Аркансас и Кансас. Властите во Аркансас сепак не очекуваат кризна ситуација.


Потпретседателот Мајк Пенс ги посети деловите на Небраска и вети брзо испраќање на помош. Во поплавите во Небраска и Ајова настрадаа четири лица.

Само во Небраска, властите спасиле речиси 300 луѓе. Поплавите ја однеле стоката, засолнетото жито и соја, а многу фарми се отсечени поради штетата на патиштата и железничките.




Спонзорирани линкови

Маркетинг