Пит и Ди Каприо, рамо до рамо: Објавен трејлерот за филмот “Once Upon a Time in Hollywood”

Точка

20/03/2019

21:42

4.537

Големина на фонт

а а а

Леонардо Ди Каприо, Бред Пит и Ал Пачино ги здружија силите со генијалниот Квентин Тарантино за новиот филм наречен “Once Upon a Time in Hollywood” чиј прв официјален трејлер го виде светлото на денот.

Приказната за филмот се одвива во 1969 година во Лос Анџелес. Леонардо го толкува ликот Рик Далтон кој некогаш глумел во ТВ серии, а Бред Пит е неговиот дублер Клиф Бут. Тие двајца се трудат да преживеат во Холивуд кој веќе не го препознаваат како оној град на кој се навикнати. 

Главните улоги во филмот ги играат Леонардо Ди Каприо, Бред Пит и Марго Роби, а покрај нив се појавува и легендарниот Ал Пачино. Снимањето на филмот наскоро ќе биде завршено, а премиерата ќе се одржи на 26-ти јули.



Спонзорирани линкови

Маркетинг