"Вратата на пеколот": Огнот тука не се изгасил повеќе од 40 години

Точка

20/03/2019

21:26

3.434

Големина на фонт

а а а

Италијански фотограф снимил кратер насред пустина во кој огнот константно гори повеќе од четири децении.

Наречен "Вратата на пеколот", кратерот Дарваза е дупка со ширина од 69 метри, длабока 30 метри, која се наоѓа на околу 240 километри од главниот град на Туркменистан, Ашгабат. 

Не се знае како точно настанал кратерот. Се претпоставува дека при бушењето геолозите во потрага по гас и нафта наишле на шуплина под земјата која е исполнета со гас. Во еден момент земјата пропаднала и така настанал кратерот. Метанот на овој начин можел непречено да излегува надвор.

Алесандро Белџиосо, кој со помош на дрон направил фотографии во HD резолуција рекол дека, за жал, некои грешки "довеле до тоа луѓето и машините да пропаднат во тој кратер".

"Како гасот влегувал во атмосферата, било невозможно да се живее во околните села, па дури и населени на голема оддалеченост во пустините. Поради тоа најдобра опција била гасот да се запали и да се почека огнот да се изгасне. Меѓутоа, тој не се изгаснал повеќе од 40 години", додал тој.

Тој уште додал дека "оваа приказна не е нешто со кое треба да се гордееме", но ни дека "туризмот не добро прифатен од страна на властите".

Во 2013-та година истражувачот Џорџ Корунис се спуштил во кратерот, каде топлината може да достигне до 1.000 степени Целзиусови. Тој се надевал дека во него ќе пронајде докази за живот.

"Кога стапнав на дното, ме преплавија чувства. Бев на место каде ниеден човек не бил досега. Беше како да чекорите на друга планета - на Месечината веќе биле неколку луѓе. Беше возбудливо, авантуристичко, опасно, прво на свет и придонес за науката. Експедицијата имаше се што сакам", рекол тој.



Спонзорирани линкови

Маркетинг