Раководството на компанијата "Facebook" соопштило дека околу 200 луѓе ја гледале снимката од терористичкиот напад на двете џамии на Нов Зеланд, кое убиецот го пренесувал во живо на таа социјална мрежа, но дека никој од тие луѓе не го пријавила случајот за снимката да биде блокирана.
До отстранувањето, снимката ја погледнале 4.000 луѓе, а компанијата првата пријава за насилното видео ја примила 29 минути откако почнало, а 12 минути откако завршило.
Терористот Брентон Тарант убил најмалку 50 луѓе во две џамии во новозеландски Крајстчрч.
Иако Фејсбук и другите социјални мрежи ја отстраниле снимката која напаѓачот ја објавил, на интернет и натаму е достапна снимка од крвавиот терористички напад.