Сè ни е уништено, кажете му на светот дека патиме: Вака од воздух изгледа пустошот по страшната олуја на југот на Африка

Точка

20/03/2019

18:33

4.088

Големина на фонт

а а а

Пристанишниот град Беира во Мозамбик бил тешко погоден од циклонот Идаи, а најмалку 200 луѓе страдале во таа катастрофа.

Преживеаните не успеваат ни да ја исплачат загубата на своите најмили бидејќи се обидуваат да го спасат и тоа малку што им останало. Се молат за храна, скривници и облека. 

Спасувачите и натаму трагаат по заробените. Многумина се вознемирени бидејќи иако помошта доаѓа, таа е бавна и недоволна.

"Немаме ништо. Изгубивме се. Немаме храна. Дури немаме ни покривки. Ни треба помош", рекла една мештанка.

Беира, која има делови од градот под нивото на морето, често била на удар на екстремни временски услови како што е циклонот Идаи, кој минатата недела донел ветрови од 177 километри на час.

Целиот град е поплавен, зградите се урнати, а патиштата отсечени. Локалната црква станала привремен дом за бројни луѓе. Половина од кровот го нема, но ѕидовите сепак издржале, а за некои тоа е подобро отколку да бидат надвор.

Циклонот Идаи предизвикал масовна катастрофа во јужна Африка, погодувајќи стотина илјади, како не и милиони луѓе.

"Ве молам, помогнете ни. Кажете му на светот дека патиме. Не знаеме каде да спиеме", рекол Педро, татко на три деца. Жителите се чувствуваат како да се заборавени.




Спонзорирани линкови

Маркетинг