Не им смета разликата во годините: Овие славни фраери покрај себе имаат убавици помлади и од 30 години

Точка

20/03/2019

17:39

7.144

Големина на фонт

а а а

Помеѓу холивудските ѕвезди, веќе со децении наназад разликата во годините не е никакво изненадување. Иако за многумина ова е табу тема, светските ѕвезди очигледно немаат проблем со тоа.

Без разлика дали станува збор за холивудски ѕвезди или светски популарни пејачи или пејачки, ова се само некои од паровите на кои годините не им претставуваат апсолутно никаков проблем. 

Поранешниот сопруг на Моника Белучи, 52-годишниот Винсент Касел ја замени славната убавица со 30 години помладата манекенка Тина Кунаки со која се венчаше во август 2018 година во Франција.


Вечниот заводник Ричард Гир доби дете со 34 помладата шпанска новинарка, убавата Алехандра Силва која се породи на почетокот на оваа година. Гир во август ќе наполни 70 години, а неговата убавица која ја оженил минатата година, во февруари го прослави својот 36-ти роденден.


Леонардо Ди Каприо е познат по тоа што е “слаб” на манекенки и покрај него секогаш шетаат извајани секс бомби, а разликата во годините воопшто не му претставува проблем. Тој моментално е во врска со сексапилната 21-годишна манекенка Камила Морон, додека Лео гордо ги носи своите 44 години.


Еден од најголемите холивудски фраери и вистински магнет за жени, 51-годишниот актер Џејсон Статам, веќе осум години е во брак со познатиот ангел на Викторија Сикрет, Роузи Хантингтон-Вајтли. Разликата помеѓу нив е 20 години.


Иако за Џорџ Клуни многумина мислеа дека ќе остане вечен ерген, неговото срце го освои 16 години помладата адвокатка Амал која ја ожени во 2014 година, а во јуни 2016 година роди близнаци.




Спонзорирани линкови

Маркетинг