Поради оваа фотографија фановите на "Игра на тронови" се убедени дека знаат кој нема да преживее во последната сезона

Точка

20/03/2019

16:42

5.101

Големина на фонт

а а а

Нетрпението на фановите пред излегувањето на првата епизода од последната сезона на "Игра на тронови" се загрeа со објавувањето на фотографијата на екипата од серијата на социјалните мрежи, а особено големо внимание предизвика објавата на Питер Динклејџ поради која неговите следбеници се убедени дека знаат кој од ликовите ќе умре.

Динклејџ објави групна фотографија од глумците, а на многумина им паднало во очи дека на неа недостигаат Кит Харингтон, Лена Хедеј и Емилија Кларк кои ги толкуваат улогите на Џон Сноу, Серси Ланистер и Денерис Ланистер па се убедени дека токму тие ликови нема да го доживеат крајот на серијата. 

"Каде е кралот на северот?", "Значи Серси и Џон Сноу умираат во првата епизода?", "Дали се ова ликовите кои ќе преживеат до крај?", "Што се случува, што значи ова?", пишувале нетрпеливите фанови, но Питер не им одговорил на прашањата.




Спонзорирани линкови

Маркетинг