Гувернерката одби да говори за судирот на интереси на директорката за супервизија

Макфакс

20/03/2019

14:57

3.034

Големина на фонт

а а а

Гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежовска, не сакаше да даде изјава за медумите по завршувањето на промотивниот настан во НРБМ, на кој беа поканети медиумите. „Макфакс“ не доби одговор на прашањето дали има судир на интерси во случајот на директорката за супервизија Милица Арнаудова, чиј сопруг е вработен во една од комерцијалните банки.

Бежовска пред камерата се правдаше дека поради карактерот на настанот не биле предвидени изјави и додаде доколку новинарите имаат прашање да го пишат до нејзиниот ПР кој ќе одговори во писмена форма.

„Поставете го прашањето ќе ви биде одговорено. Разберете, да не му даваме друга димензија на настанот, пишете ќе добиете одговор“, рече гувернерката.

Во разговорот се вклучи и министерот за финансии, Драган Тевдовски, кој рече дека сите институции кои беа дел од ПР-настанот се договориле да не даваат изјави за медиумите.

Претходно и претставник на ПР-центарот на банката нѐ предупреди да не бараме изјави, зашто и во поканата пишувало дека нема да има.

Ова не е првпат одредена институција да кани на настани новинари и при тоа да не одговара на прашања што се во интерес на јавноста. Ова пракса долги години ја практикуваше претходната власт, при што во јавноста се изнесуваа само ставови кои сакаа да ги кажат функционерите.



Спонзорирани линкови

Маркетинг