Погледнете како овој брадест маж го нокаутираше противникот: Ова бизарно натпреварување во шлаканици Русите го обожуваат

Точка

20/03/2019

14:41

3.324

Големина на фонт

а а а

Минатиот викенд во Краснојарск во Русија било одржано бизарно натпреварување на кое мажите си мавале шлаканици едни на други, а победник е оној што најдолго ќе издржи на нозе.

На натпреварувачите не им е дозволено да ги блокираат ударите на противникот или да се тргнат од патот. 

Снимката која ја објавила руската телевизија NTV покажува еден таков "дуел" меѓу голем брадест маж и помал натпреварувач со темна коса.

Брадестиот маж изгледа како да не го почувствувал ударот на помалиот противник, пред да му возврати со жесток удар. Откако гледачите му помогнале на мажот да стане, борбата продолжила, но неговите удари повторно имале помало влијание.

Победникот на натпреварувањето, Василиј Камотски, потоа го нокаутира противникот, а судијата сигнализира дека борбата е завршена. Камотски добил награда од околу 400 евра.

Натпреварувањето било дел од дводневното натпреварување "Siberian Power Snow".



Спонзорирани линкови

Маркетинг