Како "Сухоите" го чуваат Шојгу: Рускиот министер за одбрана во Сирија под будното око на ловците

Точка

20/03/2019

14:28

2.479

Големина на фонт

а а а

Рускиот министер за одбрана, кој престојувал во посета на Сирија, преку воздушниот простор на таа земја минал во придружба на ловците "Su-35S", соопштил рускиот одбранбен ресор.

Како што се прецизира, тие руски ловци полетале од авио-базата Хмејмим за да го чуваат авионот на рускиот министер. 

Претходно било соопштено дека Шојгу во Сирија отпатувал по налог на рускиот претседател и притоа на сирискиот лидер Башар ал Асад му предал лична порака од Владимир Путин.

Исто така било соопштено дека Шојгу во Дамаск разговарал со Асад, а една од темите била како да се зголеми можноста за враќање на бегалците во својата земја.



Спонзорирани линкови

Маркетинг