Вознемирувачката снимка од убиство на беспомошен лав на спиење го згрози светот

Точка

20/03/2019

14:12

6.747

Големина на фонт

а а а

Осудите упатени кон човекот кој на интернет објави снимка на која се гледа како со пушка убива лав кој спие, во последните неколку денови пристигнуваат од сите страни.

На снимката кој на својот Твитер профил ја пренесе и организацијата “Protect All Wildlife” можат да се забележат двајца мажи кои прво му се приближуваат на животното од кој едниот го убива, а потоа и двајцата ликуваат над стореното. 

Лавот кој претходно мирно спиел на земјата, почнал да мрда откако бил погоден од куршум, а потоа “ловецот” испалил втор куршум и повторно го погодил животното. Задоволни од стореното, двајцата му пришле на мртвиот лав.

“Убав лав. Прекрасно”, изговара еден од нив на снимката.

Ве предупредуваме дека снимката може да биде вознемирувачка:

##https://twitter.com/Protect_Wldlife/status/1107708673747501056##

Оваа снимка како и самиот чин на двајцата “ловци” потполно го згрозил светот. Многубројни коментатори на социјалните мрежи го осудуваат кукавичкото убиство, во тој момент на потполно беспомошното животно, пренесува “News Hub”.

“Колку е човекот едно подло суштество. Би требало да му пуштат чопор гладни волци во неговата соба додека спие – да вечераат!”, напишал еден од ужаснатите коментатори.



Спонзорирани линкови

Маркетинг