Светот на Колорес е првата градинка која работи по светски стандарди за правилен раст и развој на децата. Имено, поголемиот дел од активностите кои се организирани од страна на Светот на Колорес се во природа. Во прилог е една од многуте екскурзии надвор од Скопје. Овие екскурзии се во времетраење од неколку дена и дечињата се без присуство на родители.
,,Идејата е децата да поминуваат голем дел од времето во природа. Децата на кои им е дозволена слобода и квалитетно време поминато надвор во природа, постигнуваат подобар развој од физички и психолошки аспект.
Еден многу важен сегмент кај овој психолошки развој е и поттикнување на имагинацијата и креативноста кои се особено важни во овие години од нивниот живот. При развојот во овој дел играат повеќе фактори, но еден се зема како клучен, а тоа е богатата сензорна средина која ни ја нуди природата и токму поради тоа, Светот на Колорес става акцент на креативните активности кои дечињата може да ги изведуваат во природното опкружување.
Неограничена игра на отворено значи силни и здрави деца. Водечкиот мотив на Светот на Колорес е токму оној - дека ние сме задолжени да им го обезбедиме најдоброто на нашите деца, односно, да им ги обезбедиме компонентите кои се потребни за нивниот развој на повисоко ниво.
Па така, нашата цел е на децата да им се овозможи да го развијат својот инстинкт за пронаоѓање на оној сензорен влез кој е потребен при растењето и оттаму да се стекнат со здрав и квалитетен исход“ - вели директорката на градинката.