Интересно решение: ZTE предната селфи камера ја смести на необично место...

Точка

20/03/2019

14:51

2.365

Големина на фонт

а а а

Моделот Axon V се уште не е официјално најавен, но веќе е познат дизајнот – после “notchot” и дупчето во екранот, доаѓа сосема нова идеја каде да биде сместена селфи камерата.

На интернет страната “iF Design World Guide”, организација која доделува награди за дизајн, објавени се првите фотографии на Axon V паметниот телефон на ZTE, а овој телефон ќе биде уникатен на пазарот по тоа каде што е сместена предната камера.

Имено, за да овозможат екранот да се простира низ целата предна површина на телефонот, нешто што стана главна опсесија на производителите во последно време, од ZTE одлучија да додадат уште малку „тело“ на делот каде што обично стои копчето за отклучување или регулација на звукот.


Од ZTE тврдат дека таквото решение има и други предности – на пример, има повеќе место за батерија со поголем капацитет.

Колку ова решение е навистина добро, најдобро ќе покаже времето и реакцијата на купувачите на пазарот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг