Шест фудбалери со сигурност ќе си заминат од „Олд Трафорд“ во летниот преоден рок

Дерби

20/03/2019

13:02

2.298

Големина на фонт

а а а

Иако се уште не е официјално назначен како перманентен предводник на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер веќе почна да го планира тимот за следната сезона.

Пред да пристигнат одредени засилувања на „Олд Трафорд“, Солскјер ќе мора да се ослободи од вишокот фудбалери кои во не покажаа многу оваа сезона, но и претходните години кога друг беше предводник на „ѓаволите“.

Така, со сигурност клубот ќе го напуштат Антонио Валенсија и Матео Дармијан, а на излезните врати се и Маркос Рохо, Хуан Мата, Алексис Санчез и Тимоти Фосу Менза, кој во моментов настапува како позајмен фудбалер во Фулам.

Младиот Холанѓанец би можел да помине уште една сезона на позајмица со цел да го убеди раководството на клубот дека заслужува да остане во Манчестер подолг период.

Тимот ќе претрпи значајни измени, па се очекува Солскјер да се засили на сите позиции следната сезона, освен голманската каде во моментов има три извонредни голмани.



Спонзорирани линкови

Маркетинг