Винисиус откри дека имал понуда и од Барселона и потенцираше зошто ги одбил „каталонците“ иако понудиле повеќе пари

Дерби

20/03/2019

12:00

1.598

Големина на фонт

а а а

Фудбалерот на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор експресно се наметна како стабилен избор за првиот тим и покрај тоа што има само 18 години.

Бразилецот пристигна во „кралското“ јато во јули минатата година, но договор со него беше потпишан уште во мај 2017 година.

Талентираниот фудбалер во интервју за „Кадена Сер“ посочи дека на маса имал понуди и од Реал Мадрид и од Барселона, па откри зошто ги избрал „кралевите“ иако нивните лути ривали понудиле повеќе пари.

– Татко ми никогаш не ми кажа за специфичен интерес од клубовите се додека не се појавија Барселона и Реал Мадрид. Потоа ние ги посетивме двата клуба и мора да кажам дека и двата ни се допаднаа многу. Барселона сакаше да плати повеќе, но ние го сакавме најдобриот проект, а Марсело и Касемиро ми помогнаа да одлучам, - истакна Винисиус.

18 годишниот офанзивен фудбалер ќе почека за настап под водство на Зинедин Зидан затоа што се уште заздравува од повредата заработена на натпреварот против Ајакс од Лигата на шампионите.

Сепак и покрај тоа што не игра, Винисиус истакна дека забележителна е разликата меѓу Солари и Зидан.

– Касемиро ми кажа дека кога Зидан зборува, тој може да биде малку нервозен. Малку е поразлично од тоа како Зидан споредено со Солари. Тој е легенда, освоил се што може да се освои и е многу специјален. Мене ми кажа да бидам смирен околу повредата со цел да се вратам уште посилен на теренот, - заврши Винисиус Жуниор.

Следниот натпревар Реал Мадрид ќе го игра против Уеска кој на програмата е закажан по репрезентативната пауза.



Спонзорирани линкови

Маркетинг