Се уште привремениот тренер на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер никако да крене глава од повредени играчи.
Откако од репрезентативниот строј отпаднаа Антонио Марсијал и Лук Шо поради нешто посериозни повреди кои бараат повеќенеделно мирување, сега на повреда се пожалил и играчот кој блесна под негово водство, Маркус Рашфорд.
Рашфорд ќе го пропушти натпреварот против Чешка од квалификациите за Европското првенство и се уште не се знае колку време ќе паузира.
Брзоногиот фудбалер почувствувал болки во глуждот и токму затоа го пропуштил вчерашниот тренинг, а ќе го пропушти и првиот натпревар на селекцијата на „гордиот албион“.
Него во репрезентацијата ќе го замени тинејџерската сензација од редовите на Борусија Дортмунд, Џејдон Санчо.