Ердоган со шокантната изјава ги разлути Новозеланѓаните: Со Турците ќе ги разјасниме работите „очи во очи“

Точка

20/03/2019

11:55

3.141

Големина на фонт

а а а

Новозеландската премиерка Јасинда Ардерн изјави дека министерот за надворешни работи и потпретседател на нејзината влада, Винстон Питерс ќе отпатува во Турција за да ги разјасни коментарите на Ердоган за масакрот во Крајстчрч.

Ердоган масакрот на муслиманите во Крајстчрч го нарече елемент во рамките на заговорот против Анкара и многумина сметаат дека турскиот претседател ја искористи трагедијата во Нов Зеланд за политички поени.

28-годишниот Австралиец Брендон Тарант во име на „белиот расизам“ убие 50 муслимански верници минатиот петок во нападот на две џамии во новозеландскиот град Крајстчрч.

Ердоган во текот на вчерашниот ден ги повика новозеландските власти да ја вратат смртната казна во правосудниот систем на земјата после масакрот и порача дека Турција „ќе се погрижи“ за сторителот ако Нов Зеланд не го стори тоа.


Турскиот претседател порача дека напаѓачот му се заканил и на него и Тарант сакал да ги исфрли Турците од северозападниот дел на земјата кој според напаѓачот од Крајстчрч бил европски дел. Ардерн порача дека министерот Питерс ќе побара итно објаснување од Ердоган за контроверзните изјави.

„Нашиот потпретседател на владата ќе се спротистави на таквите изјави во Турција. Тој ќе отпатува во Турција за да ги разјасни работите очи во очи“, изјави Ардерн пред новинарите во Крајстчрч.

Питерс претходно ги повика турските власти да го забранат емитувањето на снимките од злосторството во Крајстчрч кое убиецот го емитуваше на Фејсбук затоа што на тој начин, турските власти ги загрозувале животите на Новозеланѓаните во странство. Сепак, и покрај ваквото барање, Ердоган масакрот го искористи во политички цели и дел од манифестот на Тарант бил прикажан на негов предизборен собир, заедно со морничавите видео снимки од неговиот напад на џамиите.


„Исполнети со омраза убивте 50-тина наши браќа. Ќе платите за тоа. Ако тоа не го стори Нов Зеланд, ние знаеме како на овој или оној начин ќе платите за тоа злосторство“, изјави Еродган на предизборниот собир во пресрет на кампањата за локални избори.

И австралискиот премиер Скот Морисон ги оцени како непромислени изјавите на Ердоган и порача дека ќе го повика на разговор турскиот амбасадор во Канбера.

„Сметам дека тие изјави се апсолутно шокантни и секако, ќе го повикам турскиот амбасадор за да разговарам со него во врска со тоа. Изјавите на Ердоган се исклучително навредливи за Австралијците и исклучително непромислени во една многу чувствителна атмосфера во која што моментално живееме“, изјави австралискиот премиер.



Спонзорирани линкови

Маркетинг