Хигинс го реши Анадолу Ефес, Барселона им се врати на победите

Дерби

20/03/2019

11:20

1.150

Големина на фонт

а а а

Екипата на ЦСКА Москва ја оствари најтесната победа во првите четири натпревари од 27. рунда во Евролигата.

Најдобриот руски состав успеа да слави на гостувањето кај Анадолу Ефес со 80-78 и тоа со поените на Хигинс на 1,9 секунди до крајот. Хигинс на овој начин ја круниса одличната партија во која реализираше вкупно 19 поени, 1 скок, 5 асистенции или севкупно дојде до 22 индексни поени.

Двоцифрени кај ЦСКА беа уште Хајнс со 15 и Клајбурн со 10 кошеви. На спротивната страна Данстон реализираше 19 кошеви со 9 скокови, а пак Симон застана на 13 поени и 7 скокови.

Барселона ги остави на страна два порази во Турција од Анадолу Ефес и Фенербахче, па пред своите гледачи ја реши Гран Канарија со 93-64. Гостите беа конкурентни само во првиот дел (38-35), поточно четата на Пешиќ во вторите 20 минути беше доминантна во секој поглед.

Пангос со 19 поени беше предводник на победникот, Стоубери за Гран Канарија даде 15 поени.

На останатите два средби Олимпијакос го надигра Баерн со 89-69 и Фенербахче очекувано беше подобар од Будуќност 76-67.



Спонзорирани линкови

Маркетинг