Дваесет и седум возачи од Скопје казнети за зборување на телефон

Макфакс

20/03/2019

11:13

1.078

Големина на фонт

а а а

Во текот на изминатиот ден во Скопје превземени се мерки и активности и санкционирани се 27 возачи поради користење на мобилен телефон при управување на возило, шест возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, тројца возачи поради недавање првенство на минување на пешаци, двајца возачи поради неправилно престигнување, како и 21 возач поради неносење сигурносен појас за време на управување на моторно возило.

Констатирано било дека 40 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената.

Од сообраќај се исклучени 15 возачи од кои: 14 возачи затоа што управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило и еден возач затоа што бил возач-почетник. Исто така, исклучени од сообраќај се и 18 возила бидејќи 13 биле нерегистрирани и пет возила биле технички неисправни.

Во однос на пешаците санкционирани се двајца пешаци поради поминување коловоз вон пешачки премин. Во текот на изминатиот ден издадени се 113 мандатни платни налози и 71 возило се подигнати со специјално возило “пајак”. Изминатиот ден се случиле осум сообраќајни незгоди во кои едно лице се здобило со тешки телесни повреди, а пет лица со телесни повреди.

Контроли, вчера биле извршени и на подрачјето во Битола. Тука било констатирано дека седум возачи управувале возило без возачка дозвола. Нерегистрирани биле пет возила и на мобилен телефон разговарале четири возачи. 17 возачи ја надминале дозволената брзина.



Спонзорирани линкови

Маркетинг