Жена од Кина речиси ќе умрела откако директно во вените си инјектирала овошен сок

Точка

20/03/2019

10:49

2.014

Големина на фонт

а а а

Жена со презиме Зенг речиси ќе умрела откако одлучила да инјектира сок од 20 видови овошја директно во вените. Оваа 51 годишна жена сакала нејзиното тело на подобар начин да ги впие витамините од сокот, а недолго после инјектирањето добила зголемена телесна температура и шуга.

Првично ги игнорирала симптомите, а во болница отишла дури кога нејзиниот шокиран сопруг дознал за "инфузијата" која ја направила. Во болницата било наведено дека нејзиниот организам претрпел големи инфекции, дека со инјектирањето на сокот го оштетила срцето, бубрезите и црниот дроб, пренесува Дејли Меил. 


Дијагностицирана ѝ е сепса и откажување на бројни органи, па речиси ќе умрела поради тоа. Докторите ѝ ја исчистиле крвта и ѝ дале антибиотици, па состојбата ѝ се подобрила после пет дена.

"Мислев дека овошниот сок е здрав и дека не може да го оштети мојот организам", рекла Зенг која разви интерес за алтернативна медицина.



Спонзорирани линкови

Маркетинг