Мистериозни симболи на дланката на убиецот: Ентони е обвинет за ликвидација на мафијашкиот бос, а во судницата ја кренал левата дланка на која имало злобни пораки

Точка

19/03/2019

20:48

5.475

Големина на фонт

а а а

Ентони Комело, обвинет за убиство на шефот на криминалното семејство Гамбино, Франческо Кали, наречен Френки Бој, на раката имал симбол за кој велат дека има врска со една теорија на заговор во врска со претседателот на САД, Доналд Трамп.

Пред сослушувањето во Њу Џерси, Комело ја кренал левата рака на која биле напишани слогани кои го поддржуват претседателот Доналд Трамп, вклучувајќи и "MAGA Forever". 

Тоа се однесува на слоганот на кампањата на Трамп - "Make America Great Again".

На средината на неговата дланка имало нешто што личело на буквата "Q".

Буквата "Q" е поврзана со "Qanon", што е теорија на заговор која сугерира "длабок државен" заговор против Трамп.

На прашањето што има на раката на Комело, неговиот адвокат Брајан Ниари одговорил - "лисици".

Според тврдењата на оние кои подобро го познаваат, станува збор за "луд човек, опседнат со теории на заговор".

Комело го застрелал Френки Бој пред неговата куќа на Стетон Ајленд.

Наводно, Комело се налутил поради тоа што Френки Бој не му дозволил да се забавува со неговата внука.

Комело е градежен работник кој често пушел марихуана и мафијашот му рекол дека не е доволно добар за неговата внука.



Спонзорирани линкови

Маркетинг