Русите направиле хаос - новиот метал го оцрнил златото, цената - 1.600 долари

Точка

19/03/2019

19:48

7.483

Големина на фонт

а а а

Паладиумот достигнал рекордно високо ниво од 1.600 долари. Цената пораснала по најавата за забрана на извоз од Русија.

Паладиумот достигнал највисоко ниво во историјата, надминувајќи го прагот од 1.600 долари за унца по прв пат по вестите дека Русија планира да го забрани извозот на овој племенит метал, што предизвикало загриженост поради пазарите кои веќе се ограничени со снабдување. 

Потсетуваме, како што и претходно се пишувало, Русија и Јужна Африка заедно произведуваат околу три четвртини од светските резерви, а руската компанија "Норникељ" е најголем произведувач на паладиум во светот.

"Имаше гласини дека Русија ќе го ограничи извозот на некои племенити материјали. Кога пазарот е мал, како тој со паладиумот, понекогаш таквите вести може да имаат поголемо значење од што е потребно", вели Филип Њуман, директор на "Metals Focus".

Руското министерство за трговија и индустрија минатата седмица соопштило дека предложената забрана за извоз на дел од племенитите метали ќе трае од 1-ви мај до 31-ви октомври.

Русија е главен произведувач на паладиум, кој во главно се користи во катализаторите. "Комерцбанк" го припишува наглиот пораст на цената на паладиумот на шпекулативниот куповен интерес.

Цените речиси се дуплирале од најниските нивоа и веќе скокнале за околу 27 проценти од почетокот на оваа година.




Спонзорирани линкови

Маркетинг