Куферот ви е потежок од дозволеното? Ова момче го знае најдобриот трик како да ги измами авиокомпаниите

Точка

19/03/2019

19:33

10.865

Големина на фонт

а а а

Речиси секој пат кога патуваме подолго од 3 до 4 дена, имаме проблем со пакувањето на работите кои мора да се вклопат во пропишаните рамки на секоја компанија.

Обично е дозволено куферот кој се чекира да не биде потежок од 25 килограми, но што да правиме кога патуваме на подолг период, а уште полошо – во зима? Работите како резервен пар чевли, дебели џемпери и останатите зимски аксесоари тежат многу, а вистинска уметност е да спакувате сѐ како што треба. 


На интернет деновиве кружи фотографија од младо момче кое очигледно знае дека ја надминал дозволената тежина на багажот, но се досетил како да го пројде чекирањето без да доплати. Тој го спуштил куферот на вагата и малку го подигнал со стапалото, а некој од останатите патници ја снимил целата ситуација и ја споделил на Фејсбук.



Спонзорирани линкови

Маркетинг