Блогерка тврди: “Мајките треба да им подаруваат вибратори на своите ќерки”

Точка

19/03/2019

18:39

3.860

Големина на фонт

а а а

Контроверзната сексуална блогерка Надја Бокоди од Австралија во еден напис тврди дека родителите треба да им помогнат на своите ќерки да го прифатат и запознаат своето тело.

Како што вели таа, сексуалното образование во училиштата потполно ги запоставува жените, ставајќи го фокусот исклучиво на машката популација. 

“Додека момчињата учат за ерекција и мокри соништа, кога се девојчињата во прашање, фокусот е ставен на менструацијата и спречувањето на несакана бременост”, објаснила Надја.

Но, нејзиниот начин како да се постигне подобро образование е поприлично необичен. Имено, блогерката им предлага на родителите да им подаруваат вибратори на своите ќерки. Таа е уверена дека со таквите подароци им порачувате на децата дека секогаш можат да побараат совет и одговори на прашањата од вас и јасно би им дале до знаење дека не мора да се срамат од сопственото тело.

Според нејзиното мислење, не би требало да чекаме училиштата да ги образоваат нашите деца за сексуалните односи.

“Родителите би требало да работат на образованието на децата, а сѐ започнува со нормализација и охрабрување”, тврди таа и додава дека мастурбацијата повеќе не треба да е табу тема. Исто така е уверена дека сите го презентираат женското тело како нешто мистериозно и срамотно.

На ваквото размислување ја поттикнал податокот добиен од едно истражување кој вели дека 30 отсто од девојките чувствуваат болка во текот на сексуалниот однос. Според нејзиното мислење, наместо болка тие треба да чувствуваат задоволство.

“Разбирам дека на луѓето не им се допаѓа фактот дека децата имаат секс. Не ми се допаѓа и мене. Не мислам дека во доба од 14 години девојчињата се навистина спремни за емоционалната сложеност на сексот, ниту дека потполно ја разбираат контрацепцијата”, изјавила Бокоди и додала дека реалноста е таа, а упорното “буткање на главите во песок и преправањето дека тоа не се случува нема ништо да направи во неговото спречување”.

“Најдобрата работа која родителите можат да ја направат е да ги наоружаат своите деца со информации”, заклучила Надја.



Спонзорирани линкови

Маркетинг