Конечниот крај на калифатот е блиску: Погледнете ги првите снимки од ослободениот сириски Багуз, последното упориште на џихадистите

Точка

19/03/2019

18:42

2.765

Големина на фонт

а а а

Сириските демократски сили го ослободиле последниот камп кој бил под контрола на џихадистите од ИСИС, во околината на Багуз, во близина на сириско-ирачката граница.

Багуз се смета за последно упориште на терористите на ИСИС, а иако е кампот ослободен, борбата уште не е готова. 

Мал број на џихадисти уште се наоѓаат на брегот на Еуфрат. Борбите и натаму се одвиваат меѓу сириските сили, потпомогнати од САД, и џихадистите кои ги користат мештаните како човечки штитови.

Потсетуваме, минатите недели од Багуз биле евакуирани илјадници цивили, во главно жени и деца. Тие се сместени во неколку бегалски центри, а голем проблем прават жените на џихадистите кои останатите жени ги гаѓаат со камења, им ги палат шаторите или на друг начин ги провоцираат бидејќи ги сметаат за невернички.




Спонзорирани линкови

Маркетинг