Новата верзија на третата генерација на GT Coupe и кабриолет е најмоќната досега – Bentley се погрижи под хаубата да биде сместен вистински ѕвер.
Британскиот производител на луксузни автомобили повторно ни претстави чудесно ниво на луксуз, перформанси и врвна технологија.
Bentley оваа година ќе претстави две нови верзии на моделот од трета генерација – Continental GT и GT Convertible.
И двата модели ќе ја добијат новата генерација на 4.0-литарскиот мотор со двоен турбо-полнач кој развива 570 коњски сили и 770 Nm максимален обртен момент.
Најголемата брзина ќе изнесува 318 километри на час, а првите примероци ќе пристигнат кон крајот на годината на американскиот пазар, додека Европејците и остатокот од светот ќе треба да почекаат до крајот на зимата 2020-та година.