Лирој Сане стигна во хотелот на „Панцирите“ со ранец од 18.000 евра

Макфакс

19/03/2019

17:20

2.926

Големина на фонт

а а а

Германскиот фудбалски репрезентативец, Лирој Сане кој е член на Манчестер Сити ќе биде една од главните закани за голот на Србија на утрешниот пријателски меч во Волфсбург, но од него треба да се плашат и Холанѓаните, чија репрезентација в недела ќе ја пречека Германија на „Јохан Кројф“ арената во Амстердам во рамки на првото коло од квалификациите за ЕП 2020.

Сане прв од репрезентативците пристигна во хотелот на собирот, а вниманието го привлече затоа што беше облечен како рок – ѕвезда.

Германските медиуми веднаш се погрижија да откријат колку чини брендираната гардероба што на себе ја носеше талентираниот фудбалер.

Според сознанијата, Сане „на себе имал“ 25.000 евра, а само ранецот од марката „Луј Витон“ чини 18.000 евра

Погледнете го стајлингот на фудбалерот:



Спонзорирани линкови

Маркетинг