„Франс Фудбал“ ја објави листата на 50-те најдобри тренери на сите времиња: Човекот кој го измисли „тоталниот фудбал“ на врвот пред Сер Алекс

Дерби

19/03/2019

16:55

4.669

Големина на фонт

а а а

Угледниот француски таблоид, „Франс Фудбал“ во своето издание објави листа од најдобрите 50 фудбалски тренери на сите времиња.

Интересен е податокот кој говори дека на врвот е холандски стратег Ринус Мичелс кој го остави зад себе легендарниот Сер Алекс Фергусон кого сите го очекуваа на врвот на оваа листа со оглед на фактот што освои 13 титули во Премиер лигата со „црвените ѓаволи“.

Холанѓанецот кој почина во 2005 година е познат по тоа што е креатор на тактичката фудбалска теорија „тотален фудбал“ која се практикува и до ден денес. Мичелс исто така ја измисли и „офсајд замката“ која слично како „тоталниот фудбал“ се користи и во модерниот фудбал.

Во кариерата освоил бројни трофеи како тренер на Ајакс и селектор на репрезентацијата на Холандија.

Трет на листата е Ариго Саки, а од актуелните тренери највисоко котира Пеп Гвардиола кој ја зазема петтата позиција.

Жозе Мурињо е сместен на 13. место, додека Јирген Клоп на 27. позиција. Она што изненади многумина е тоа што легендата на Арсенал, Арсен Венгер е дури на 32. место на оваа вечна листа.




Спонзорирани линкови

Маркетинг