Поранешниот телохранител на Мајкл Џексон тврди: "Мајкл не беше педофил, тој сакаше жени"

Точка

19/03/2019

17:09

3.905

Големина на фонт

а а а

Некогашниот телохранител на Мајкл Џексон одговори на обвиненијата на Вејд Робсон и Џејмс Сејфчек велејќи дека овие двајца мажи лажат дека поп ѕвездата ги злоставувал и дека Џексон отсекогаш сакал жени.

Бил Витфилд кој му беше телохранител на Мајкл Џексон две години во својата книга пишуваше за времето поминато со кралот на поп музиката и рекол дека обвиненијата против пејачот се лажни. Витфилд детално го опишал времето поминато со Џексон и рекол дека тие двајца често разговарале за атрактивни жени, пишува Mirror. 


"Разговаравме за жени кои ги сметаше за многу привлечни. Толку многу зборувавме за нив што сум сигурен дека сакаше жени", рекол Витфилд и додал дека не знае што точно правел со нив.

Рекол и дека жени никогаш не носел на ранчот Neverland каде биле децата.


"Многу време поминуваше насамо со различни жени. Нема да навлегувам во тоа што правел зад затворени врати, тоа е негова работа. Меѓутоа, често беше во женско друштво и знам дека го интересираа жени", рекол Витфилд. Сепак, во интервју признал дека не може со сигурност да тврди дека Џексон имал сексуални односи само со жени, но рекол дека Мајкл не бил педофил и мажите кои се во филмот ги нарече лажговци.




Спонзорирани линкови

Маркетинг