Ѕвездата на Бенфика: Откако станав познат, девојките на Инстаграм ми испраќаат разголени фотографии

Точка

19/03/2019

17:03

2.804

Големина на фонт

а а а

Португалското „чудо од дете“ и ѕвезда на Бенфика, Жоао Феликс игра во фантастична форма и го привлече вниманието на најголемите европски клубови.

Португалските медиуми шпекулираат дека Феликс идното лето би можел да стане најскапиот португалски фудбалер – наводно клубови како Барселона, Реал Мадрид и Јувентус биле подготвени да исплатат и 150 милиони евра за неговите услуги.

„Моментално не размислувам за иднината, само мислам на Бенфика и за тоа како ќе му помогнам на тимот да дојде до титули. Мојот сон отсекогаш беше да заиграм за некој од најголемите клубови во Европа. Шпанија или Англија? Ја преферирам Шпанија. Што се однесува до пазарната цена, не се разбирам околу тоа. Колку вредам? Мислам околу два милиони евра“, изјави Феликс.

Тој додаде дека откако станал познат и неговото име започнало да се појавува во медиумите, голем број на девојки започнале да му испраќаат разголени фотографии на Инстаграм, но тој наводно сите ги одбивал.



Спонзорирани линкови

Маркетинг