Мерцедес сѐ уште против ограничување на трошењето

КРУГ.МК

19/03/2019

16:13

258

Големина на фонт

а а а

Тото Волф изјави дека Мерцедес сеуште се против ограничување на трошењето, кое челниците на спортот го предвидуваат по 2021 година.

Во Мелбурн, Претседателот на ФИА, Жан Тод, објасни дека контролата на трошењето е во напредна фаза на преговори, а на 26 Март треба да се презентираат сите нови правила и планот за спортот по 2020 година.

„ТЕШКО Е ДА СЕ КОНТРОЛИРААТ ТРОШОЦИТЕ ЗАТОА ШТО ЕКИПИТЕ СЕ ОРГАНИЗИРАНИ НА МНОГУ РАЗЛИЧЕН НАЧИН. ФОРМУЛРАЊЕ НА ПРАВИЛА ПО КОИ ЌЕ СЕ ПРИДРЖУВАМЕ Е МНОГУ СЛОЖЕН ПРОЦИЕС“, ПОЈАСНИ ТОТО ЗА FRANKFURTER ALLGEMEINE SONNTAGSZEITUNG.

Чејс Кери, првиот човек на Формула 1, изјави дека тимовите сепак ќе се обврзат на компромис.

„ИМА ОПШТА НАСОКА КОЈА ЈА СЛЕДИМЕ ЗА СЕ, А ПОТОА СЛЕДУВААТ ДЕТАЛИТЕ И РАЗЛИЧНИТЕ ГЛЕДИШТА ПО ИСТО ПРАШАЊЕ. НЕ Е НЕПОЗНАНИЦА ВО СВЕТОТ ДА СЕ НАОЃА КОМПРОМИС“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг