Русокосата Кимберли Гарнер овие денови одмара во сончевото Мајами, а папараците не пропуштиле прилика да го овековечат овој момент и да ја “фатат” британската манекенка како се забавува на плажа.
Убавицата се шетала наоколу во минијатурно црно бикини кое фантастично ѝ стоело, што во нејзиниот случај не е ни тешко со оглед на одличната фигура.
Нејзиниот тенок струк и совршениот задник го привлекувало целото внимание, а таа гордо ги покажува облините како во јавноста, така и на Инстаграм каде ја следат повеќе од 130 илјади луѓе.
Атрактивната 29-годишната инаку се прослави со учество во реалното шоу “Made in Chelsea” кое се емитуваше во Велика Британија и ги следеше животите на моќните жители на овој остров.