Членови на семејството на напаѓачот во Утрехт: Го направи тоа поради семејни проблеми

Макфакс

18/03/2019

21:46

3.927

Големина на фонт

а а а

Членови на семејството на напаѓачот од Утрехт изјавиле дека Ѓокмен Танис го извршил нападот поради семејни проблеми, јави „Анадолија“.

Тој, наводно, поради семејни проблеми, утрово пукал во луѓето во трамвај. Најпрвин пукал во член од своето семејство, а потоа и во луѓето што се обидувале да му помогнат на повредениот.

Според пишувањата на холандските медиуми, Танис имал нарушено ментално здравје, а пред две недели бил на судење поради силување.

Полицијата соопшти дека се разгледуваат повеќе можни причини за нападот и дека не е утврдено дали станува збор за терористички напад. Полицијата не ја исклучува можноста нападот да е извршен од семејни причини.

Танис со години не бил во контакт со татка си, кој живее во Турција. Се појавија и информации дека неговите родители се разведени по што татко му повторно се оженил.

Полицијата го уапси Танис неколку часа по нападот. Градоначалникот на Утрехт, Јан ван Занен, соопшти дека се убиени три лица, а девет се повредени. Подоцна полицијата соопшти дека се повредени пет лица.



Спонзорирани линкови

Маркетинг