Путин разместува бомбардери: Русија ги праќа "летачките ѕверови" на Крим! Брутален одговор на разместувањето на американскиот противракетен систем во Романија

Точка

18/03/2019

20:53

5.306

Големина на фонт

а а а

Распоредувањето на руските бомбардери со далечен дострел "Tu-22M3" во авио-базата на Крим претставува одговор на разместувањето на американскиот противракетен систем во Романија, со оглед на тоа дека драстично е изменет балансот на силите во регионот, изјавил шефот на одбранбениот комитет на Советот на Руската Федерација, Виктор Бондарев.

"Разместувањето на американскиот противракетен систем во Романија претставува сериозен предизвик поради кој руското Министерство за одбрана донело одлука на Крим да ги размести бомбардерите Tu-22M3, кои се во состојба да носат ракети", објаснил тој. 

Бондарев исто така навел и дека од моментот на враќањето на Крим во составот на Руската Федерација драстично е сменета ситуацијата со военото присуство на полуостровот.

"Црноморската флота денес е сериозен заштитник на југозападна Русија", оценил тој.

Бондарев исто така рекол и дека паралелно со изградбата на новата инфраструктура на руските сили на Крим се зголемува и борбената готовност на самата војска која е разместена на тој полуостров.

"Да не дојдеше до оперативно враќање на Крим и Севастопољ во составот на Русија, таа територија ќе ќе завршеше под протекторат на Америка. САД со голема брзина таму ќе разместеа свои борбени комплекси", рекол тој.

Бондарев навел и дека во случај Крим да не бил вратен во составот на Руската Федерација, Америка во случај на војна би можела да го минира дното на Босфор и со тоа да спречи излегување на руската морнарица, за да извршува борбени задачи.

"Денес тоа е исклучено. Комплексот Искандер го контролира целосниот брег на Црното море, вклучувајќи го и Босфор. Ниеден противник повеќе не е во состојба да ја блокира руската флота", заклучил тој.



Спонзорирани линкови

Маркетинг