“Човекот е вториот најпаметен вид на Земјата”

Точка

18/03/2019

20:43

4.442

Големина на фонт

а а а

Норвешкиот “бизнис филозоф” Андерс Индсет на едно неодамнешно предавање во Атина изјавил дека алгоритмот е сѐ посовршен и дека станува многу попаметен и поефикасен од човекот, и дека човекот е “вториот најпаметен вид на планетата”.

На конференцијата одржана во Грција, Индсет изјавил дека “технологијата претставува одговор на сѐ, но што е прашањето кое таа го одговара?”, пренесува грчкиот весник Катимерини. 

Андерс Индсет вели дека не ја смета технологијата за добра, ниту за лоша, туку дека таа е “двете работи истовремено”. За да се утврди улогата на технологијата за човештвото, тој смета дека пред сѐ политичките лидери и деловните раководци треба да се запрашаат каква иднина сакаат на долг рок, а не да се ограничат на прашањето „како може да нѝ помогне технологијата?”, бидејќи тоа би ја променило нејзината улога.


Во свет во кој технологијата постојано добива на значење и го презема водството, Индсет смета дека единствените актуелни придонеси на човекот се свеста и креативноста. Во таквиот свет доминиран од технологија, “човекот не е неопходен, но е единствениот вид кој е свесен и може да креира теориски идеи”.

Општо гледано, Норвежанецот смета дека денешните проблеми можат да се решат со древната филозофија, комбинирајќи ги елементите на минатото кои се кријат пред нашите очи, спасувајќи ги од историјата и проектирајќи ги во 21-виот век.

“Филозофијата отсекогаш била околу нас, само мораме да ја направиме практична”, изјавил Андерс на прашањето од публиката за тоа зошто смета дека филозофијата ѝ е неопходна на модерниот деловен свет.

За Индсет, чувствителноста е родното место на креативноста и тоа е главното начело според кое треба да се држат политичките лидери и претприемачите. Таа во иднина би можела да му помогне на човечкиот род да ги усоврши алгоритмите и преку нивното знаење да го подобри својот живот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг