Шефот на дипломатијата на Венецуела порачал: Слична ситуација како во Југославија од 90-тите! Научивме од вашето искуство!

Точка

18/03/2019

21:29

5.167

Големина на фонт

а а а

Министерот за надворешни работи на Венецуела, Хорхе Ареаза, вели дека претседателот на таа земја, Николас Мадуро и неговиот кабинет, пред неколку години нагласиле дека е неопходно да се проучи тоа што се случувало во Југославија во текот на 90-тите години, бидејќи сметале дека ситуацијата меѓу Југославија и Венецуела е многу слична.

"Единствената разлика е временска, но формулата е иста. Потфатот во Југославија го предводел НАТО, а овој го предводи САД. Ние сме подготвени, ги научивме лекциите од вашето искуство", вели Ареаза. 

Тој додал дека меѓународниот притисок, првенствено од САД и нивните партнери, се одразува на економската ситуација во Венецуела.

"Како што знаете, Венецуела е под санкции, во блокада сме, постои инвазија на наташа земја. Парите, нашиот имот се под блокада и поради тоа многу ни е тешко нешто да увеземе, како и за тоа да платиме, но и да примиме уплатени пари од трансакции. Традиционалниот банкарски систем повеќе не функционира во Венецуела. Санкциите имаат цел создавање на целосен економски колапс со цел вршење на притисок на народот, како и со цел да се влоши животниот стандард на населението, што би генерирало доволно незадоволни граѓани кои би влијаеле да дојде до промена на власта. Тоа е стратегијата на Америка. Откако увидоа дека режираниот државен удар пропадна, тие одлучија да ги засилат санкциите за Венецуела", рекол Ареаза.

Коментирајќи го производството на нафта како главен извозен производ на Венецуела, шефот на дипломатијата вели дека производството се намалило, но дека е доволно за земја од 30 милиони жители.

"САД се обидуваат да го блокираат нашиот извоз на нафта. Сепак, имаме добри сојузници како Русија, Кина, Индија, Турција, кои досега ни помагаа да ја извеземе и продадеме нашата нафта. Нафтата сама по себе е многу баран производ и поради тоа не ни е многу тешко да ја продадеме. Сепак, САД се труди со санкциите да ни ја отежни работата. И претходно исто така успеваме да произведеме и да продадеме доволно, па се надеваме дека таквата ситуација ќе остане и во иднина", вели Ареаза.



Спонзорирани линкови

Маркетинг