Ар Кели бил интимен со мајката на својата поранешна сопруга Алија

Точка

18/03/2019

18:50

5.406

Големина на фонт

а а а

Музичарот веќе неколку месеци се наоѓа во центарот на неколку секс скандали, а на обвиненијата од Лиса одговорил кратко: "Ова е лага. Таа ќе направи се само да дојде до насловната страна".

52-годишниот музичар Ар Кели ги негирал обвиненијата дека имал сексуални односи на каучот со мајката на својата поранешна сопруга, починатата пејачка и актерка Алија. Обвинетиот музичар открил дека со нејзината мајка никогаш немал ништо повеќе од пријателство, а додал дека таквите гласини тргнале од поранешната девојка Лиса Ван Ален. 

"Кога Алија одела да спие, Кели и Дијана имале сексуални односи во дневната соба. Тоа траело со месеци", рекла Ван Ален.

Лиса за американска телевизија открила дека нивниот брак бил поништен откако Алија имала спонтан абортус.

"Ми кажа дека се венчале бидејќи била бремена. Кели и неговиот асистент ги фалсификувале потврдите и документите бидејќи Алија тогаш уште била малолетна. Тоа излезе од неговата уста, овој момент можам да одам на детектор за лаги. Ова не се гласини, ова е вистина", открила Лиса.

Музичарот веќе неколку месеци се наоѓа во центарот на неколку секс-скандали, а на обвиненијата на Лиса одговорил кратко: "Ова е лага. Таа ќе направи се само да дојде до насловната страна".

Потсетуваме, американската пејачка и актерка Алија починала на 25-ти август 2001-ва година во авионска несреќа на Бахамите по снимањето на спотот за песната "Rock The Boat". По завршувањето на снимањето, Алија и осум членови на нејзиниот тим тргнале на пат со "Cessna 402B", кој завршил трагично.

Нејзиниот сингл "Back&Forth", го заземал првото место на листата "Hot R&B and hip-hop songs" на "Billboard" и на врвот се задржал три недели, додека "At Your Best" дошол на шестото место на Top 100 на "Billboard". Насловната песна на албумот "Age Ain't Nothing but a Number" го заземала 75-тото место на истата листа.

Наскоро почнале шпекулации за нејзината љубовна врска со Кели и тајната венчавка, што подоцна било и потврдено. Парот се венчал на 31-ви август 1994-та во хотелот "Sheraton" во Розмонт во Илионоис. Алија тогаш имала само 15 години.

Алија во 1996-та година го напуштила Jive Records и потпишала договор за Atlantic Records. На вториот албум, "One in a Million", соработувала со Тимбаленд и Миси Елиот. Синглот "If Your Girl Only Knew" бил на првото место на топ-листите.



Спонзорирани линкови

Маркетинг