Бендот “Red Hot Chili Peppers” настапил пред египетските пирамиди во Гиза

Точка

18/03/2019

18:32

2.340

Големина на фонт

а а а

Бендот “Red Hot Chili Peppers” свирел пред 10 илјади гледачи и тоа пред големите египетски пирамиди во Гиза, пренесува “BBC”.

Помеѓу уметниците кои настапиле на ова древно место пред Ентони Киедис и останатите членови на бендот се “Grateful Dead”, “Scorpions” и Френк Синатра. 

Овој бенд од Калифорнија свирел на сцена која изгледала како овие престари градби. Настапот го отвориле со песната “Can’t Stop” од нивниот албум од 2002 година, “By The Way”.


Серијата концерти пред пирамидите во Гиза, кои ги поддржува египетското министерство за туризам, се доживуваат како обид за враќање на туристите во земјата по политичките превирања и бројните терористички напади кои во последните неколку години ја шокираа светската јавност.

Интересно е да се истакне и дека комплетниот двочасовен концерт бил емитуван во живо на Јутјуб.




Спонзорирани линкови

Маркетинг